Во Турција беше направен обид да се спроведе истото сценарио како во Ирак и Сирија, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим, јави Анадолија.
– За игрите кои се водат против Турција, знае сето 79 милиони жители на земјата – од Агра, во источна Турција, до Едрене (западна Турција). Но организаторите на овие игри и нивните поддржувачи треба да знаат дека овој пат избрале погрешна адреса, рече турскиот премиерот.
Јилдирим не прецизираше на кого точно мисли дека во Турција се обидел да реализира ирачко или сириско сценарио.
На 15 јули во Турција беше извршен обид за државен удар. Според турските власти проповедник Фетуллах Гулен, кој живее во САД, и неговите поддржувачи стојат зад пучот.