Сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне најпрвин од запад ќе се зголеми облачноста и ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има краткотрајни услови за појава за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 30° С.

Во недела ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, на повеќе места и до десетина степени во однос на денечните.

 

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски