Српската полиција во Белград интенизвно трага по Сирецот Абдул Басет ел Сарут, за кого постои сомнеж дека е еден од истакнатите припадници на џихадистичката група Исламска држва (ИД).
Според белградските медиуми, се претпоставува дека Сарут илегално влегол во Србија и дека се крие некаде во Белград.
Сарут, кој е поранешен голман на сириската фудбалска репрезенатција, на почетокот на протестите во Сирија важеше за една од „иконите на сириската пролет“, но сега се претпоставува дека е еден од лидерите на џихадистите во неговиот роден град Хомс.
– Никој не знае како влегол во Србија и како дошол до Белград. Според податоците со кои располагаме, Сарут е истакнат член на терористичката организација Исламска држава. Не знаме дали е вооружен, дали во Србија дошол со некоја специјална задача или пак планира да продолжи понатаму (кон Запад), изјавил неименуван полициски претставник за српскиот весник „Ало“.
На почетокот на бунтот во Сирија, Сарут им се приклучи на умерените опозициски групи, но подоцна премина во ИД и ја обвини опозицијата дека „ја предала сириската револуција“.