Екипата на Кан ќе биде домаќин на шампионот Париз Сен Жермен во воведниот натпревар од 5. коло на француската Лига 1.
Натпреварот ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот и 45 минути, а останатите средби од ова коло ќе се играат викендов.
За утре се закажани натпреварите:
Монако – Рен,
Нанси – Нант,
Тулуз – Гингамп,
Лориен – Лил,
Дижон – Мец, и
Бордо – Енгерс.
Во недела покрај дуелот на двата Олимпика, Марсеј против Лион, ќе играат и Монпеље – Ница и Сент Етјен – Бастија.
Табела: Монако и Ница имаат по 10 бодови, Мец и Бордо по 9, а Генгамп 8 бода.