Арктикот останува без мраз веќе во летото 2030 година

Од:

Мразот на Арктикот ова лето се намали на второто најниско ниво откако научниците почнаа да ја следат неговата состојба по пат на сателит, што, како што се наведува, е уште еден застрашувачки сигнал на глобалното затоплување.

Како што јавија медиумите, Националниот центар за податоци за снегот и мразот во Колорадо соопшти дека мразот во саботата ја достигнал најниската точка ова лето со 4,14 милиони квадратни километри, а помалку изнесуваше само 2012 година – 3,39 милиони квадратни километри.

Директорот на Центарот, Марк Серез, рече дека не би бил изненаден ако Арктикот остане без мраз во лето до 2030 година, што би влијаело на меѓународната безбедност.

Тој додаде дека  е  зајакнат целокупниот надолен тек и дека нема знаци на заздравување.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Норвешка планира да понуди рекорден број блокови на Арктикот за истражување нафта и гас

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он