Втор конгрес на физиотерапевтите на Македонија

Од:

Под мотото “Продолжи да се движиш, движењето е живот“, денеска и утре во Стуга ќе се одржи Вториот конгрес на физиотерапевтите на Македонија во организација на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ).

На конгресот ќе присуствуваат светски познати физиотерапевти и здравствени работници блиски до физиотерапијата, а специјален гостин ќе биде познатиот др. Кензо Касе иноваторот на кинезиотејпингот. Тој ќе одржи работилница во рамки на конгресот на тема „Кинезиотејпинг од спорт до медицина“.

Програмата на конгресот е составена од 43 презентации, осум работилници и 12 постер презентации, а ќе се одржи и округла маса и промоција на книга. Најавено е учество на 150 физиотерапевти од Македонија, Бугарија, Турција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна Херцеговина, како и од Италија, Швајцарија, Германија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.

За време на конгресот ќе се одржат работилници за “Вежби на топка – стабилност – баланс – функционалност” од Ади Беговиќ (Босна и Херцеговина), Париетална остеопатија – мануелна терапија и киропрактика од Аднан Ибрахимовик (Германија), Функционална магнетна стимулација во физиотерапиjа од Ален Лилиќ (Словенија). На програмата се и работилниците за Висцеросоматски рефлекси од Мауро Мандагаран (Италија), Третман на лимфедем кај напредни заболувања од Тамара Кошевиќ (Велика Британија), „Лумбоишијалгија и протрузија на дискусот интервертебралис сегмент l4-l5 терапевтски пристап по принципот ткм и акупунктура” од Аднан Ибрахимовик (Германија) и работилница за „Шиатцу“ од Драган Димитријевиќ (Србија)

Во рамки на конгресот Тамара Кошевиќ дипл.ФТ.Спец. Лимфен терапевт од Лондон (Велика Британија) ќе донира ортопедски помагала за компресивна терапија на претставници на здружението БОРКА.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада