Феjсбук, Твитер и Франс Прес дел од асоцијација за веродостојност и квалитет на информирањето

Од:

Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, и уште дваесетина други медиуми, меѓу кои и Агенцијата Франс Прес, соопштија дека се приклучуваат кон Асоцијацијата на медиуми и технолошки групации, чијашто цел е подобрување на квалитетот на информирањето на социјалните мрежи и за намалување на ширењето невистинити информации.

Асоцијацијата беше основана во јуни 2015, а денес брои околу 30 новински и технолошки компании. Поддржана е и од Гугл. Членките на овој сојуз, меѓу другото, ќе споделуваат искуства и методи на елиминирање на невистинитите информации, коишто се јавуваат на интернет.

– Филтрирањето на невистинити информации може да биде тешко. Медиумите се должни да пренесуваат само проверени податоци, но секој од нас е потенцијален извор на информации и може да објавува на интернет, изјави Џени Сарџент, генерален директор на асоциацијата „Фирст драфт њуз“ (Прва верзија на веста).

Асоцијацијата во октомври ќе ја презентира онлајн платформата, преку којашто медиумите членови ќе можат да проверуваат колку еден податок е веродостоен.

Асоцијацијата ја сочинуваат Фејсбук, Твитер, Јутјуб, весниците „Њујорк тајмс”, „Вашингтон пост”, потоа – Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си Њуз, Про-Публика, Франс Прес, „Телеграф”, Франс енфо, Базфид њуз, Ал Џазеира Медиа Нетворк… Амнести Интернејшнл, Европскиот новински центар, Американскиот институт за печат, Меѓународната мрежа за проверка на фактите исто така се дел од Асоциацијата.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Ана Ололовска

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска