Планинари од цела Македонија го искачуваа Руен

Од:

Над триста планинари од десет планинарски друштва од сите краеви на Македонија учествуваа во досега најмасовната планинарска акција за искачување на највисокито врв на Осоговските Планини, Руен.

Традиционалната акција за совладување на 2.251 метар надморска височина до Руен ја организираше Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка.

– Акцијата има повеќегодишна традиција од неколку години, а е возобновена по формирањето на нашето здружение. Ова е акција со најмасовен одзив досега. Учествуваа планинарските друштва „Куманово“, „Козјак 2013“, „Цеплес“, Богомила, „I love hiking – group“, Македонија, „Скопска Црна Гора“, „Осогово“ од Кочани, „Free Hikers” од Кочани, „Макпетрол“, Скопје, и планинарите од Крива Паланка-информира Денис Ангеловски, претседател на ЗПЗП „Калин Камен“, Крива Паланка.

Стартната точка на акцијата беше машинската зграда над рудникот „Тораница“ од каде планинарите се искачуваа околу девет километри во еден правец.

– Патеката е со средно-тежок карактер, со околу 700 метри денивелација во искачување и 1.200 метри при спуштање. Временските услови беа поволни и на температура од околу 12 степени целзиусови сите учесници успешно се искачија на Руен. Околу триесет учесници ја одбраа подолгата патека од 30-тина километри, врв Руен – Сокол – Царев врв – Калин Камен – Крива Палнака и истите успешно ја реализираа-додаде Ангеловски.

Оваа акција е дел од годишниот календар акции на Планинарската федерација на Македонија, следуваше по меѓународната реализирана минатиот месец, на Рилските Езера во Република Бугарија и врв Лисец, Осогово.

Во претстојниот период членовите на друштвото ќе се ангажираат за зимска маркација со која е предвидено поставување 26 железни столбови во висина од три метри на потегот калин Камен – Царев врв.

– Следна планинарска акција во организација на ЗПЗП „Калин Камен“ е „Комитска патека“ која ќе се рализира на 22 следниот месец. Патеката до Царев Врв, 2.076 метри, е долга 35 километри, со старт од езерцето Калин Камен, а се организира традиционално по повод 23 Октомври, денот на формирањето на ВМРО, дополни Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска