Најмногу дожд во Битола

Од:

Најмногу дожд до 8 часот утринава наврнал во Битола околу 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, Гевгелија, Берово и Пожар само еден литар на метар квадратен.

Според информацијата на Управата за хидрометеролошки работи, во Претор наврнале 20 литри на метар квадратен, во Лазарополе и Маврово 13, Прилеп и Крушево 11, Охрид 10, Тополчани, 9, Дебар и Ѓуриште 7, Пожаране и во Скопје – Петровец 6, Тетово и Демир Капија 5, Куманово 4, Штип 3, во Скопје на Зајчев Рид, Виница и Дојран 2.

До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а облачноста делумно ќе се намалува. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 степени, а УВ индексот ќе биде 4.

Во Скопје ќе биде исто така облачно со повремен дожд со послаб интензитет, а околу пладне ќе има делумно разведрување. Попладне и во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Ваквото променливо време ќе остане и во текот на утрешниот ден кога на места се очекува пороен дожд и локална појава на грмежи.  Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 5.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски