Премиерот на Ерменија Овик Абрамјан, на крајот на денешната владина седница, објави дека поднесува оставка.
– Решив да поднесам оставка и да му се даде на претседателот можност да состави нова влада, рече Абрамјан, пренесува БТА.
Тој изјави дека е убеден дека треба да се мисли на заедничкиот успех и да се даде шанса на новата влада „со нови пристапи да го консолидира општеството”.
Абрамјан стана премиер на 13 април 2014 година. Тој е потпретседател на Републиканската партија на Ерменија, на чело на која е претседателот Серж Саргсјан.