Столтенберг ги потврди плановите на Алијансата за проширување во регионот на Црното Море

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги потврди плановите на Алијансата да го прошири своето присуство во регионот на Црното Море, договорено на самитот на НАТО во Варшава во јули, пренесе ТАСС.

– Алијансата ќе го зголеми присуството во Црноморскиот регион и во акваторија на Црното Море.

Регионот на Црното Море е исклучително важен за евроатлантската безбедност и на самитот во Варшава НАТО донесе одлука за проширување на своето присуство во овој регион, изјави Столтенберг во Тбилиси.

– За сојузниците на Алијансата е многу важен блискиот контакт со земјите партнери како Украина и Грузија, како и дијалогот со нив за засилување на присуството на НАТО во Црноморскиот регион, рече шефот на Алијансата, кој е во Тбилиси за седницата на Комитетот НАТО-Грузија .

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата