Заврши посетата на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на Берлин

Од:

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и партиската делегација во чиј состав се членот на Извршниот комитет Никола Тодоров и пратениците Влатко Ѓорчев и Александар Николоски денеска, на третиот ден од посетата на Берлин, остварија билатерални средби со повеќе политичари и актуелни функционери од Сојузна Република Германија.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во текот на денот оствари средба со федералниот министер за земјоделство и храна во сојузната влада на Меркел, Кристијан Шмит. Груевски и Шмит разговараа за можностите за соработка, зацврстување на односите и размена на искуства околу мерките и политиките од областа на земјоделието.

Груевски оствари средба и со државниот секретар од федералното министерство за финансии од Германија со кого разговараше за можностите за јакнење на економската соработка која бележи нагорен тренд во последните години. Над десетина компании од Германија се присутни во Република Македонија со потенцијал оваа бројка да расте и токму како резултат на овие работни места повеќе илјади граѓани обезбедуваат работа во повеќе градови во Македонија.  За претседателот на ВМРО ДПМНЕ посетата на Берлин ќе помогне да се изградат поцврсти релации со најмоќната членка на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина