Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на Националната Арена „Филип Втори“ во борба за врвот на табелата во третата група против репрезентацијата на Северна Ирска од квалификациите за Европското првенство 2017.
Македонската репрезентација од трибините ја бодри и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Македонија на овој дуел влезе како фаворит, бидејќи со 15 бодови се наоѓа на делба на првите две места со Исланд, додека Северна Ирска е последна во групата со 1 бод.
Приходот од влезниците ќе биде наменет за помош за настраданите од поплавите кои минатиот месец го зафатија скопскиот регион.