Богоев: Либералдемократите продолжуваат со манипулации на јавноста

Од:

Битолските либерал демократи соочени со претстојните избори од кои толку бегаа заедно со нивните заштитници СДСМ, во безидејност и немање на програма продолжуваат да ја манипулираат и замајуваат битолската јавност со лажно душегрижништво, реагира Јовица Богоев, советник во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ Битола

-Почитувани, Битола е во истата ситуација во која е и целата република Македонија, во онаа криза во која вашите политики и политиките на вашите ментори СДСМ ја држат сите овие месеци. Иронично е оние кои ја вештачки ја наметнаа оваа состојба и ја држеа целата држава во заложништво со цел да ги исполнат исклучиво само своите политички интереси за доаѓање на власт и тоа без избори, сега да ја залажуваат јавноста дека се грижат за граѓаните и за она што се случува во нивното секојдневие.

Доколку се грижевте да излеземе од оваа вештачки наметната состојба и малку да Ве интересираше доброто на граѓаните немаше толку да бегате од избори како што бегавте.

Но соочувањето со граѓаните и со нивниот глас мора да се случи, така се прави во демократските општества. Изборите на 11 декември ќе бидат излез од ова заложништво што му го наметнавте на македонскиот народ, и граѓаните ќе ја дадат повторно својата доверба на опцијата која работи и реализира а тоа веќе граѓаните добро го знаат дека е ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку небулозни пресови и обиди за дискредитација ќе направите, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Горан Наумовски

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче