Пропаѓа ли обидот на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ за преземање на Макпетрол?

Од:

Изминативе денови акцијата на Макпетрол на Македонската берза се тргува по цена повисока од цената што во намерата за преземање ја понуди анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“(БПХЛ). Ова значи дека понудата на руско-украинската компанија регистрирана во Лондон сега „виси“, затоа што на сопствениците на акции од Макпетрол им е поисплатливо да ги продадат своите акции слободно на берзата за повисока цена од понудената од БПХЛ и парите да ги земат веднаш, отколку да чекаат дали понудата ќе биде одобрена од КЗК и дали таа ќе биде успешна, па потоа евентуално да им се изврши исплатата на парите.

Овој развој на настаните доаѓа два месеца откако непознатата компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, регистрирана во Лондон на 28 мај со почетен влог од само 1.000 евра, соопшти дека има намера да даде понуда за преземање на македонскиот нафтен гигант. Како што во меѓувреме открија дел од новинарските истражувања, луѓето поврзани со оваа компанија се дел од матните источноевропски бизнис-кругови, а со нивните имиња се поврзани низа скандали и обвинувања за корупција и перење пари во минатото. Сопствеништвото на компанијата потекнува од други фирми регистирани на Кипар и Британските Девствени Острови, а македонската јавност и натаму не знае кои се вистинските сопственици и од каде потекнуваат нивните пари.

Комисијата за хартии од вредност уште на 18 јули ја врати понудата на „БХПЛ“ на доработка поради некомплетна документација, а во јавноста се шпекулираше и дека офшор-компанијата нема обезбедено соодветна банкарска гаранција, што е основен предуслов за преземањето. Ниту една релевантна институција досега не ги демантираше овие шпекулации.

Според оценките на познавачите, одличните полугодишни резултати на Макпетрол, кој прикажа добивка од околу 1.8 милиони евра во првите шест месеци од годинава, но и рекордна продажба на нафтени деривати, во следниов период можат само да влијаат на зголемување на цената на акцијата на компанијата, што дополнително ќе го усложни обидот за преземање. Покрај ова, важно е и тоа што Макпетрол проектира добри перспективи, а консолидацијата на компанијата ќе значи дека акциите, кои сега се далеку под реалната цена, ќе растат не само на краток, туку и на среден рок, сметаат познавачите.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана