Трајчевска: Просторот на ВМРО-ДПМНЕ Битола е стекнат по легален крајно транспарентен процес

Од:

ЛДП сателит партијата на СДСМ, не сака или не може да разбере! Веќе трет ден по ред даваме одговор на нивното прашање. Повторуваме дека просторот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола е стекнат по легален крајно транспарентен процес во согласност со законските нормативи, по пат на членарина и донации, вели Елена Трајчевска – Советник во советот на Општина Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ Битола.

Но сепак разбирливо е тоа што за вас ова е голема непозната работа. Не сте навикнати работите кои ги поседувате да ги секнувате по нормален легален пат, туку на зграбување на имоти, огромни наследства и некрофилистичка политика со обид за дискредитација на се што е чесно и правилно стекнато.

Затоа што за разлика од Вашите колаициони партнери кои имаат огромни имоти наследени од Сојузот на комунистите на Македонија стекнати со потта на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ во Битола немаше ни метар свој простор за работа.

На крај би ве посоветувле, наместо да ја залажувате битолската јавност дека нешто работите и се грижите за нив со вашите пресови, да ги искористите вашите ресурси и простор за работа и програма од која граѓаните ќе бидат некое добро.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина