Обезглавена и оскврнавена бистата на дебарскиот првоборец Чочковски

Од:

Вандалски чин во Дебар.Обезглавена и оскврнавена е  бистата на првоборецот Здравко Чочковски, која се наоѓа во дворот на дебарската гимназија  .

Извршители за ова гордо се пофалија на  Фејсбук, тоа се млади дебарчани, кои пишуваат погрдни зборови за Македонија и за првоборецот .

Гимназијата, името Здравко Чочковски  го носи од самиот почеток во 1960 година.

Тој е дебарски првоборец, роден 1921 година, а загинал за време на Февруарскиот поход. Во гимназијата наставата се одвива на македонски и албански наставен јазик, има околу 800 ученици од нив околу 350 на македонски.

Со одлука на Советот на општина Дебар училиштето беше преименувана во „28 ноември“ и првото празнување на патронот е закажано за 28 ноември во спортската сала што се наоѓа во дворот на гимназијата.

Со едногласно донесената одлука и со запазување на Бадентер, основното училиште „Братство едиство“ се преименува во „Пенестиа“,географски поим за Дебар од илирскиот период.

Освен слика од овој вандалски чин, се поставени и слики како ученичка пишува парола на ѕидот од училницата „ Етничка Албанија„ „Еден јазик, еден народ, една држава, едно знаме“, а друга ја црта картата на „Голема (природна) Албанија“.

Според полицијата, лицата ги забележал чуварот на објкетот, а кога тој почнал да вика побегнале. Бистата е засолнета во прсториите на гимназијата за да не дојде до дополнителни оштетувања.

За утре најавено е поставување огромно знаме на стамбена зграда во градба во близина на зградата на локалната самоуправа, како што стои во повикот спроти фабриката Кнауф.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад