Италијанската полиција во Калабрија, уапсила двајца етнички Албанци, членови на криминалната италијанска организација „Ндрагета“ со седиште во Калабрија.
Oбвинети се за убиства кои ги вршеле по нарачка на оваа мафијашка организација.
Ввесникот „Шекули“ повикувајќи се италијански медиуми наведува дек се уаспени Васви Белули, 30 год. од Македонија и Арбен Ибрахими, 28 год. од Црна Гора.
Според Обвинителството за антимафија, двајцата Албанци биле снајперисти за време на војните во поранешна СФРЈ. Нивното минато им обезбедило работа кај калабриската мафија. Белули и Ибрахими биле ангажирани како снајперисти и калабриската мафија ги плаќала како професионални убијци. Двајцата платени убијци живееле во Канино.
Истрагата покажала дека и за 1.000 евра Белули и Ибрахими биле задоволни и спремни да извршат убиство.