Се „крчка“ првото обвинение, неделава „гужва“ во СЈО

Од:

Од неделава повторно политичари и други лица, поврзани со прислушуваните разговори од „бомбите“ на опозицијата, треба да се најдат на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Катица Јанева најави дека периодов ќе има зголемена фреквенција на лица во СЈО, но не открија  детали за тоа кои лица, за кои предмети и во кое својство се повикани.

Минатата недела  на распит беа Силвана Бонева, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ а сега член на ДИК,  лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили исто од ДПА, човек во чие време е започната идејата за контроверзниот проект „Скопје 2014“.  На распит беше и  Самка Ибраимовски од ПЦЕР. за како што изјави изборниот криминал во Шуто Оризари во 2011 и 2014 и тоа во Изборна единица каде носител беше Гордана Јанкуловска.

Една недела претходно, на распит во СЈО беше градоначаникот на општина Центар Андреј Жерновски за случајот „Нарачани шамари од Груевски и демолирање на општината од таканаречени верници, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“, како и Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и третоосомничена во истиот случај.

Екс министерот Зоран Ставрески се уште не се појави во СЈО, оправдувајќи се дека е на боледување. Обвинителството најави дека по две недоаѓања на распит, третиот пат повиканите ќе мора да дојдат, инаку ќе бара судот да издаде налог за присилно приведување. Специјалното обвинителство ќе бара од судот да издава налози за приведување или за лишување од слобода, сеедно дали повиканите се во Македонија, или се во странство.

Во меѓувреме, според непотврдени информации, во СЈО се подготвува првото обвинение против неколку лица..

Неофицијално, се работи за предмет кој досега не бил презентиран во јавноста, а обвинението се носи по скратена постапка, бидејќи станува збор за дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години.

СЈО веќе најави дека рокот за подигнување обвиненија треба да биде продолжен поради обемноста на материјалите, но и опструкциите од институциите.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов