Во 2009 година тогашната А1 телевизија емитувала репортажа од поплава во Стајковци.
Тогашните и актуелни градоначалници на Скопје и на Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски. за А1 тогаш изјавиле и ветиле дека проблемот ќе се решел.
„Таму треба да се ископа канал, водата да се насочи да не оди кон куќите, туку кон каналот“, изјавил Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба.
„Тој проблем почнува да се отклонува, „Гранит“е изведувач на обиколницата и се надеваме дека тој брзо ќе биде завршен“, рече Коце Трајановски.
Во тие денови, тогашниот премиер Никола Груевски, ја пресекол црвената лента за пуштање на обиколницата во употреба.
И Канал 5 телевизија, објави материјал за поплавата во Стајковци.
Телевизијата во видео материјалот посочува дека жителите на Стајковци ги обвинуваат надлежните кои за време на изградбата на обиколницата не направиле доволно одводни цевки заради што целата вода се влева во нивните домови.
И по цели 7 години состојбата и покрај ветувањата е непроменета и од ветувањата на Трајановски и Трајковски нема ништо . Тоа го покажаа и поплавите од поплавите во август оваа година.