Денеска ќе се бира 5-от член на ад-хок телото

Од:

Ад хок телото кое ќе врши мониторинг врз медиумите во предзборниот период, во среда, ќе го избира петтиот член. Ова е дел од договорот на четирите политички партии.

Четворицата членови се предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов и од СДСМ, Горан Трпеновски и Љубомир Костовски.
Петтиот член треба да биде од албанската заедница и ќе биде избран со консензуд од Димишковска, Чилиманов, Костовски и Трпеновски. ДИУ и ДПА не доставија свои предлози.

На јавниот повик пријавени се Сефер Тахири, Илир Ајдини, Бесмира Ејупи, Даут Даути, Ајат Реџепи, Фатмир Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.

Против ваквиот состав и избор се огласија новинарските здруженија.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on