Бонева Силванева, ова не е циркуз. Бонева, барем на своите гласачи им должиш објаснување, а не дрзок „осмех“. Бонева, ти го гласаше СЈО затоа што мораше. Бонева, а знаеш ли дека кловновите се најтажните луѓе?
Кој е кловн? Отворени сандали-асоцијација за умот, бела боја со цветен дезен- невиност и топла порака (што си сакала да ја пратиш). Лажен „осмех“ и внимателоно одбрани просечни очила.
Во едно друго време, ваквата дрскост би се сметала за масовна народна навреда. Други критеруми, кога доблесниот се срами. Време во кое што вределе зборовите. Со секој (ис)кажан збор, Бонева, се станува роб. Господар си само на она што нема да го изговориш. Јас ќе му робувам на напишаново, а ти биди Господарка на лагата.
Бонева, ајде врати ги парите и пеш до партија!!За образованието ќе те прашам во друга прилика…
Дејан Блажески