• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира со судбината на граѓаните на кои им е најтешко

by А1он22/08/2016 - 19:04288
Share0

Продолжува очајното лицемерие на СДСМ. Влегуваат од срам во срам со своите некрофилски тактики, манипулирајќи со судбината на граѓаните на кои им е најтешко во моментов, велат од ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Дамјан Манчевски.

Добивај вести на вибер

„Јавноста денеска дозна дека советниците на СДСМ во февруари 2016 година на седница на Советот на Општина Гази Баба барале да не се субвенционира чистењето на одводните канали во општината и не гласале за одлуката. Пред камери глумат загриженост и хуманост, а позади камерите СДСМ гласа против помош на граѓаните. Врв на очајот и лицемерието на Бихаќка.

Ваквото срамно политичко профитерство за чиј интерес работат Фабриките за афери на СДСМ не проаѓа меѓу граѓаните. Никој не им верува на СДСМ. Жителите на поплавените региони и сите волонтери добро знаат дека сите институции се 24 часа на терен, состојбата се подобрува, а авансната исплата ќе биде дел од помошта која овие жители ќе ја добијат.

За погодените во поплавените региони ќе има обештетување од 100%.

СДСМ во очајна безидејност се обидува со најдолни манипулации наместо да им помага на граѓаните и да ги злоупотребува. Од ваквите постапки на СДСМ се срамат сите граѓани на Македонија.

Сметката за некрофилството на СДСМ ќе им биде доставена на првите наредни избори на кои ќе соберат храброст да излезат и да се соочат очи во очи со граѓаните, а не да бегаат безглаво од избори како досега“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

mancevskireakcijasdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:38

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:3829/01/2026 - 19:28

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 14:19

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он28/01/2026 - 17:3628/01/2026 - 17:47

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Горан Наумовски28/01/2026 - 14:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен