Британскиот свештеник Андру Чарлс Кингстон Сопор, кој е обвинет за девет сексуални напади врз пет деца во католичко училиште во Велика Британија, во 70-тите и 80-години, пет години се криел во Косово под името „отец Лоронс“.
Сопор е уапсен вчера на лондонскиот аердором по неговото враќање од Косово.
Апсењето на 72-годишниот свештеник го завршува продолжениот правен спор меѓу Велика Британија и Косово, каде Сопор беше упасен во мај по пуштањето на меѓународната потерница.