(ВИДЕО) Николовски: Неисчистените канали се потврда на несподобноста, одговороност мора да има

Од:

Се наоѓаме кај ободниот канал Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново којшто со години е неистичен. Овие неисчистени канали се потврда дека потфрлањето на институциите е причина за многу човечки животи, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Огромни суми пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта а каналите останаа неистичени.

Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки 3 милиони евра, потврди и Државниот ревизор.
Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ фрла 18 милиони евра за Панорамско тркало.
За злоупотребите на парите на граѓаните поднесовме и кривична пријава за полтронот на Никола Груевски, министерот Цветков.

Корупцијата и криминалот однесоа многу човечки животи.

Затоа политичка, морална и кривична одговороност мора да има.

Новата, одговорна влада предводена од СДСМ целосно ќе ги обесштети граѓаните и земјоделците.
Дополнително, ќе инвестираме 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување за граѓаните и земјоделците да бидат спокојни“, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски