Манчевски: Бројките наведуваат на заклучок дека нема повеќе од 1,5 милиони гласачи

Од:

Сите бројки на спорни гласачи кои излегоа во Државната изборна комисија, излегоа врз база на анализите на базата на податоците во Државната изборна комисија. Извештајите, бројките и така натака, ги усвоија во Државната изборна комисија со консензус. Така што сите членови, сите партии присутни во ДИК ги усвоија тие извештаји.

Она што за нас е важно, е дека прво на списокот за гласање ќе ги има фотографиите на галсачите со што значително ќе се намали можноста за злоупотреба на туѓ идентитет на гласање. Но, она што и бројките го покажуваат е, не се само овие, да не ги забораваме и дополнителните 172.000 гласачи коишто според анализите на бази на податоците не се во моментов во Македонија, не наведува до клучниот заклучок, дека во Македонија нема повеќе од 1.500.000 гласачи, она што цело време го тврдиме, кажа Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на прашањето како првичната бројка од 300.000 се намали на 39.000 спорни гласачи?

На прашањето која е причината што овие спорни гласачи најчество се од изборната единица број 6, или Тетово, Гостивар, Манчевски кажа дека тоа се критериуми и прашања на коишто се одговарало и со добиени податоци врз база на 22 различни основи во Дражавната изборна комисија, се работи за административни и законски процедури коишто довеле до таа ситуација.

-Апсолутно целта не е да се избрише никој што е реален гласач, и затоа постои оваа можност којашто завршува денес, но ќе има и дополнителна за секој каде што е направена грешка, техничка, ненамеран, административна, да си го регулира своето право на глас. Апсолутно никој од граѓаните не смее да го изгуби правото на глас коешто законски му следи. Но, исто така сите оние граѓани којшто нетреба да имаат право на глас согласно законот без разлика од каде се треба да бидат тргнати од избирачкиот список или ставени во избирачкиот список за гласање во странство, рече тој.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино