Анима Мунди бара формирање на Полиција или посебна служба за заштита на животните

Од:

По кој знае кој пат сведочиме на монструозен случај на изживување врз животно и инсистираме сторителот да се пронајде и биде најстрого казнет!

Две жени во Ѓорче Петров ја пронајдоа оваа кучка, преплашена, во болки, во процес на пораѓање. Ја нарековме Мајка. Некој звер ја удирал, тепал за да на крај ја фрли во вар оваа напатена душа.

Роди 3 кученца, двете ги загуби, а и покрај сите обиди и укажана помош не успеа да се спаси ова премило, кротко, несреќно куче. Умре денес.

Ве замолуваме за помош и споделување на оваа приказна која не е реткост во нашето општество и која треба да вознемирува, згрозува, плаши!.

Замолуваме за сведоштво, доказ за монструмот кој се изживувал врз ова животно, за кого ниту мајчинството не е свето. Лицето кое го сторило ова е социопат, насилник, треба итно да се најде зад решетки.

БАРАМЕ НАЈСТРОГА КАЗНА, КОЈА СПОРЕД КРИВИЧНИОТ ЗАКОН ПРЕДВИДУВА И КАЗНА ЗАТВОР.

Не знаеме кој пат по ред апелираме и бараме итно формирање на Полиција или посебна служба зазаштита на животните, која нема да постои само фигуративно, туку ќе постапува на дело и евидентира, посочува и казнува насилници и насилство на кое не е предмет само човек.. Но може, и најчесто бива наредна жртва на насилниците!

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on