Чуму ни е ваков Парламент, кој е тигар без заби

Од:

„Чуму ни е ваков Парламент“, оваа опасна теза  која излезе во некои провладини медиуми, е за жал само  реалноста во Македонија,  во која не постои парламентарна контрола на Парламентот врз Владата.

Пратенитрците од владеачкото мнозинство, иако поканети не се појавија на трибината „Парламентарната контрола над Владата на република Македонија, организирана во рамките на одбележувањето на 20 години од Фондацијата Отворено општество.

А токму за нив беа и најголемите забелешки и сугестии.

Авторот  на анализата, Неда Коруновска Аврамовска во сеопфатното истражување и  констатира дека  , според анкетата, 35,8% проценти од граѓаните, сметаат дека пратениците воопшто не ја контролираат Владата, 40,8 проценти сметаат дека малку ја контролираат, за 19,7%, контролата е доволна, а само 2 % сметаат дека Владата е многу контролирана од пратениците.

И покрај тоа што државниот ревизор секоја година ги утврдува неправилностите, не се активираат механизми за политичка одговорност.

Секое десето пратеничко прашање добива одговор, но најчесто многу доцна и без ефект.

„Собранието е тигар на хартија, а не тигар со заби“, рече Каролина Ристова Астеруд.

Политичката воља е клучот за решавање на проблемите, се согласија Mерсел Биљали и Јани Макрадули.

Состојбата е на најниско ниво досега, не се следи имплементацијата на законите, укажа Макрадули.

„Се надевам дека Јавниот обвинител е жив и здрав. Исто и Антикорупциската комисија. Нејасно е како не реагираат на сите појави на кои јавно се укажува.  невозможно е претседателот на Собранието да не праша зошто има поднесено 15.000 амандмани на еден закон. Во светот е недозволиво, а кај нас е лоша практика, законите, и тоа некои многу битни, да се носат во скратена постапка“, укажа Макрадули.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски