24-часовна поплава од вмровски фекалии

Од:

По катастрофалното невреме и последиците од него, она што нѝ се случува во државата најкратко може да се објасни со поговорката „не паѓа снегот да би го покрил брегот, туку секоја ѕверка да си го покаже трагот“. На српскиот забавен портал vukajlija.com нејзиното значење е објаснето на луциден начин: „стара народна умотворба, некој вид на демотивациона мотивација која нѝ дава до знаење дека понекогаш чудни пиздарии се случуваат со причина. Во конкретниов случај, срањето споменато во насловот се случува за да би се видело кој е каков, на кого може да му се верува и т.н.“.

Иако власта цело време по невремето се труди да креира јавно мислење дека тоа е природна непогода, божја волја против која луѓето се немоќни, сепак дождот на најбрутален начин ја покажа целокупната неспособност, импровизација, волунтаризам и некомпетентност на човечкиот фактор на кого почива организацијата на институциите под раководство на ДПМНЕ-ДУИ и помалите коалициони партии (во преден план оваа поплава ги исфрли ликовите Оливер Ромевски од ГРОМ и Шабан Салиу од Сојуз на Ромите).

Фекалија бр. 1
Активностите на власта во првите 24 часа од непогодата можат да се анализира преку три настани, иако ги имаше уште многу. Првиот момент е самото обзнанување на јавноста за катастрофалните последици од невремето. Иако ноќта, во саботата кон неделата, повеќе портали известуваа за непотврдени информации за над десетици загинати, во неделата претпладне провладините национални телевизии ги расонуваа граѓаните со редовна телевизиска програма, во која ечеа зурли и тапани и оро се виеше како да сте на свадба македонска. Не дека нивните уредници и новинари не знаеле во тој момент каква трагедија нѝ се случува во државата, меѓутоа нивните правила на служба за известување во кризни ситуации налагаат дека стратегијата за известување и курсот кој ќе се заземе кон непогодата треба да ги изгради и им ги наложи Центарот за комуникации на ДПМНЕ. Сѐ во духот на најдобрата традиција на тврдокорниот комунистички режим од сталинистички вид.

Сепак, не треба да се има многу развиена имагинација за да се замисли што се случувало во тие драматични утрински часови во партијата-налогодавач: сигурно им заседавал кризниот штаб, но не за да барал решенија за кризата, туку како истата да се амортизира, да се превенираат можните штети по рејтингот, правеле СВОТ анализи за добри и лоши импакти, се разработувала студија на случај за можни ситуации во кој правец би можеле да се развиваат настаните и како тоа ќе влијаело на популарноста. Правеле бреинсторминг во случај на неповолен развој ако превладеело мислењето кај јавноста дека за Скопје 2014 се потрошиле пари со кои можеле да се спречат последиците од невремето, и се барал одговор како на таквите напади да се парира. За слабост се оценило отсуството на претседателот на партијата, на кого требало да му се организира итно враќање во државата, со што ќе се одземел аргументот на критичарите дека тој одмарал додека народот страдал, но и ќе се даде можност да се премине во контраофанзива – Груевски следен со камери како е постојано на терен, како раководи и координира, со што ќе се засили култот на неговата личност како најспособен и човек без кого не може ништо да функционира во државата. Како заклучок од оваа координација, му се наложило на порталот Курир најитно да спружи нешто на насловна страна како поплави имало насекаде во светот, дека никој не е виновен, да се објективизира проблемот, објават бројки за жртви од поплави во странство кои се многу поголеми од нашиве. Што порталот и го прави со текстот насловен „Никој не е имун на водената стихија – поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко“, објавен во неделата во 11.34 часот, време во кое Јавниот национален сервис сѐ уште не известил за катастрофалните последици од невремето. Граѓанин кој во тој момент се информира од МТВ, останува зачуден зошто ваков текст, бидејќи општествениот контекст во кој е публикуван написот не му е соопштен на јавната телевизија. Едоставно не знае дека во земјата има поплава и 20 мртви, а веќе когнитивно е подготвен да прифати дека поплавите и невремето предизвикуваат и жртви.

Од партијата се праќаат инструкции и до членството како да се постават ако некој почне да ја критикува владата за поплавите. И за нив спасоносен противаргумент мора биде дека поплави секаде се случуваат и во регионот имало и покатастрофални, со упатство постојано да се потсетува на поплавите во Србија од пред две години.

Откако, според нив, успешно е одработен теренот, конечно се дава одобрување провладините медиуми да можат да почнат да известуваат за трагичните последици од невремето, но без било каков критички тон за (не)чинењето на владата. Ќе остане трајно архивирано на сајтот на МРТВ дека првата вест за починати е објавена во неделата во 17.05 часот.

Ете, тоа е веројатната слика во партијата на власт во критичното утро и со што биле преокупирани додека граѓани се дават и гинат.

Фекалија бр. 2
Ако се реши човек да истражи како ваквите партиски стратегии се ефектуираат врз членството, чии претставници, како пациенти за опсервирање би посакал да има секој професор по клиничка психологија за вежби со студенти, најупатно е да се посети ФБ профилот на ударната тупаница на Гдомци (кои, патем речено, потполно потфрлија во билдањето патриотизам во овие тешки моменти за татковината им). Коментарите кои таму се објавуваат се најреферентната дата база за состојбата на умот на груевистите во даден момент и се златен стандард за антиципација во кој правец власта планира да ги менаџира настаните за било кој проблем во државата.

А таму зона на самрак, тотално помрачување на здрав ум и разум, како да сте во некој паралелен универзум. Не ви се верува во она што го читате во време кога мртви се бројат: на странците не им успеало да нѐ уништат со племето, пробале и со Заев и со соросоидите, повторно не им успеало и сега го вклучиле Харпот. Се појавува линк кон текст дека за време на невремето бил забележан НЛО како лебди над Скопје. Редок коментар за нерационалното трошење на пари за Скопје 2014., промптно е „задушен во крв“ со над десетина одговори со највулгарни навреди за авторот. Конечно, во еден коментар се открива и главниот виновник за трагедијата: Бранко Црвенковски, бидејќи во негово време почнала да се гради хидроцентралата Козјак. На ова откритие, лајкови се множат со брзина на бројчаникот на Таки Фити за задолжувањето на РМ.

Забалежливо при посетата на профилот е што никој претерано не се оптеретува со жртвите од поплавите, поважно е да се најде виновникот, а тоа никако да не биде власта. Читаејќи ги се потсетувате на коментарите на Гордана Јанкуловска, кои пошироката јавност имаше можност да ги слушне преку бомбата, во која таа бесчувствително оценува како им пропаднало апсењето на Љубе Бошковски поради смртта на Мартин Нешковски и како убиецот на Мартин требал да признае сѐ, па кога ќе се стишало ќе барале начин како да го извадат од затвор. Фрапирачки со каква леснотија ги изговорува овие монструозни забелешки, како да не станува збор за убиство на човек. Ист ментален склоп забележлив е и кај секој лојален член на груевистите кој оставил коментар. Во главата им е зацртано само едно: целта ги оправдува средствата, без разлика на жртвите.

Се жртвува и докторот Виктор Камиловски. Во неделата, после пладне, камерите на Сител го следат во чекор како работи на интервенции, кои, веројатно, не ги работел уште од деновите кога стажирал. Прегледува со слушалки, превива со завој, дезинфецира рани со јод. Најдобронамерно се прашувате има ли оваа болница во овие кризни мигови болничари, техничари, медицински сестри, други лекари или владеат партизански услови во кои директорот е оставен сам со настраданите? Или тоа е така само за пред камерите?

Фекалија бр. 3
Во една ваква ситуација, во која е целосно операционализирана партиската директива како да се амортизира првиот налет од критики кон власта, доцна попладне се одигрува и третиот важен момент за ДПМНЕ, со кој треба да започне драматичниот пресврт во корист на партијата: во државата се враќа принцот на бел коњ, што ќе нѐ спаси од јавачите на апокалипсата и кој има решение за сѐ, небаре е Саи Баба, па од кал злато ќе прави. Психоделијата продолжува: на сцена стапува никој друг, туку ѕвездата на денот, единствениот и неповторлив, пастирот Никола Груевски. Режимските телевизии го снимаат како на терен спонтано организира тим билдинг, во исто време по мобилен разговара со одговорните за санирање на штетите, дава наредби да се состане владата, инструкции колку пакети храна да се подготват, колку луѓе да се мобилизираат, каде да се прати механизација. На референтниот ФБ профил екстазата кулминира. Молскавично се редат коментари колку претседателот нѝ е умен, паметен, како имал разбирање за сите, умеел да сослуша секого, како смирено делел совети и задачи во овие тешки моменти. Друг, визионерски оди чекор понатаму – едвај чекал да дошол 11 декември и пак Никола Груевски да ја составел владата и сѐ да било како порано. За секоја ровја и гром од денот пред тоа, се возвраќа со по еден комплимент за пастирот.

Меѓутоа, клетите опозиционери и соросоиди не мируваат – хармонијата ја нарушуваат ноќта со шпекулацијата дека од народот саканиот лидер во поплавените места шетал со панцир под кошула. Веста се појавува длабоко во ноќта и партискиот кризен менаџмент неможе толку брзо да реагира на овој бестијален напад врз ликот и делото на најголемиот син на нашиот народ. Почнуваат нагаѓања дали имал или немал панцир бидејќи на сината поло маица му се оцртувало нешто, што упатувало на можен заштитен елек. Нов ден, нова маица и веќе таква дилема непостои. Но од снимката се гледа нешто друго: маицата не е повеќе стегната и рамна како вчера, меѓутоа на неа јасно се оцртуваат неговите гради, кои почнале да се деформираат во мали женски дојки, за што лекарите би рекле дека индицира на појава на липомастија. Деформитет кој најчесто се појавува кај постари лица, но и кај помлади кои се физички неактивни, не практикуваат спорт и наместо да јадат овошје, зеленчук, риба и морски плодови, консумираат мрсна храна, пица, сувомесни производи и чипс. За оној кој забележал, како спотер му се разбива уште еден мит – бившиот премиер не нѝ се храни здраво и не практикува повеќе брзо да вози велосипед, игра фудбал, баскет, понекогаш ракомет, пинг-понг и тенис поретко, иако, за наше добро, не советуваше и ние тоа да го правиме.

Првите 24 часа по катастрофата поминаа. Впечаток е дека власта целосно ја изгуби медиумската битка, која самата ја наметна и ѝ пропадна обидот да го усмери јавното мислење во своја корист. Не затоа што сдсмовците и соросоидите беа поубедливи и поорганизирани, туку што ДПМНЕ се обиде да брани нешто што не се брани – а тоа е дека никој не е виновен или дека сите се виновни само тие не. И згора на тоа, шетајќи го Груевски како мечка Божана на панаѓур, перфидно се обидоа и да профитираат од ситуацијата. Секогаш подготвени за кавга, денот го почнаа со високо подигнат гард за фајт, а беа поразени со само една изјава на Зоран Заев: сега не е време за расправии, туку за помош на настраданите.

Трагите на ѕверот уште еднаш јасно се оцртаа, овој пат не во снегот на брегот туку во калта на Стајковце.

Д-р Ненад Живановски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска