ПСЖ стартуваше со минимална победа над Бастија

Од:

Освојувачот на трите трофеи од минатата сезона во францускиот фудбал, екипата на Париз Сен Жермен, со минимална победа на гостувањето кај Бастија 1:0 ја започна новата сезона во Лига 1.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лавин Курзава во 73-минута од натпреварот.

Во вториот натпревар од воведното коло, Монако иако имаше негатива од два гола во дуелот со Генгамп сепак на крајот успеа да извлече бод играјќи нерешено 2:2.

Денеска на програмата се пет натпревари, а двојките се: Бордо – Сент Етиен, Каен – Лориен, Дижон – Нант, Мец – Лил и Монпеље – Анжи.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварите: Нанси – Олипик Лион, Ница – Рен и Олимпик Марсеј – Тулуз.

Би можело да ве интересира

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Покрената истрага против ПСЖ

Марко Верати ќе остане во ПСЖ до 2026 година

ПСЖ без Фабијан Руиз до Мундијалот во Катар