Град Скопје: Се отстрануваат наносите од кал и уништената покуќнина

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија ги продолжуваат деноноќните активности на терен за расчистување на последиците од катастрофалното невреме што во саботата го зафати Скопје.

До доцните вечерни часови градоначалникот Трајановски на терен во населеното место Сингелиќ ги координираше активностите на екипите на Штабот за заштита и спасување, кои со поголем број на возила и механизација го расчистуваа главниот пат низ ова населено место и работеа на расчистување на повеќе улици во ова населено место. Возилата покрај отстранување на наносите од кал, со багери ја собираа и целата уништена покуќнина која ги блокира споредните улици.

-Трајановски активно се приклучи да им помогне на жителите од Инџиково во расчистување на дворовите и домовите кои претрпеа големи штети од силното невреме. Во Инџиково процесот на црпење на водата од домовите и дворовите е во најголем дел завршен, а сега се работи на расчистување на домовите и дворовите од уништената покуќнина и останати предмети, информираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот