Се помалку заболени од АИДС

Од:

Обединетите нации во вторникот соопштија дека пандемијата од АИДС во светот е на залез заради подобриот пристап до лековите што ги лекуваат симптомите и го блокираат вирусот на човековата имунодиференцијација (ХИВ) што ја предизвикува болеста, како и дека целта за конечно искоренување на епидемијата на АИДС е сосема остварилива, пренесува Хина.

„Успехот во борбата против оваа болест го овозможи поставувањето темели за искоренување на АИДС-от со тоа што ја намали смртноста и помогна во стабилизирањето на бројот на заразени луѓе во светот“, се наведува во годишниот извештај на УНАИДС.

Околу 34 милиони луѓе во светот на крајот на 2011 година имаа ХИВ.

Ширум светот опаѓа бројот на новозаразени лица од болеста, која може да се пренесува преку крв и во текот на незаштитен сексуален однос. Бројот на новозаразени лица со ХИВ вирусот минатата година бил помал за 20 отсто во однос на состојбата во 2001 година, додека бројот на умрени од АИДС од 2,3 милиони во 2005 година лани се намалил на 1,7 милиони, се наведува во извештајот на УНАИДС.

И натаму најзафатено подрачје од болеста е субсахарска Африка.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он