Механизација и луѓе работат во сите места погодени од поплавата

Од:

Во текот на денешниот ден екипите на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија, екипите на државните претпријатија, АРМ и голем број на волонтери работеа на расчистување на сите населени места кои беа погодени од големото невреме во саботата. На терен се работи без застој, каде се работи со сите видови на механизација (камиони-скипови, со камиони и цистерни) која во најголем дел е од јавните и државни претпријатија, а голем дел е помош од другите општини во РМ, земјите од соседството, како и машинерија од домашни компании, информираат од Град Скопје.

На терен работат луѓе и механизација кои дојдоа на помош од други општини во Република Македонија, како и помош од странски држави, каде помошта составена од храна, лекови, ќебиња, хигиенски препарати и сл. се праќаат во прифатните центри, додека помошта во луѓе и механизација се праќаат на терен, согласно состојбите и приоритетните потреби.

На терен повеќе денови работат екипи и механизација од поголем број земји од соседството и регионот, а денеска помош пристигна и од Народна Република Кина, во вид на поголем број на ќебиња и душеци.

Денеска во Скопје пристигнаа екипи и возила за спасување од Истанбул, Турција, составени од 32 лица и 11 возила и механизација.

Претставниците од Истанбул во прифатниот центар во ОУ „25 Мај“ остварија кратка средба со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на кого му ги пренесоа пораките на сочуство и жалење за загубените животи од градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш. Трајановски им се заблагодари на екипите и градоначалникот Топбаш за поддршката и помошта која ќе ја дадат во справувањето со последиците од катастрофалното невреме.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332