Лунџеску: Припадноста на Турција кон НАТО не е доведна во прашање

Од:

Припадноста на Турција кон НАТО не е доведерна во прашање. НАТО и натаму смета на постојаниот придонес на Турција, а таа може да смета на солидарноста и поддршката на организацијата, изјави портпаролката на Алијансата, Оана Лунџеску, цитирана од француските медиуми.

Реакцијата на НАТО е одговор на „шпекулациите во печатот“.

„Во врска со шпекулативната информација во некои печатени медиуми за позицијата на НАТО во неуспешниот обид за преврат во Турција и членството на Турција во Алијансата сакам да ја истакнам сосема јасната позиција на НАТО“, посочи Лунџеску.

-Турција е високо ценет сојузник со значителен придонес во заедничките напори на НАТО. Турција учествува полноправно во одлуките на Алијанската, што се темелат на консензус, во периодот кога сме исправени пред најсериозните безбедносни предизвици во поновата историја. Членството во НАТО не е доведено во прашње. Нашиот сојуз е обврзан со колективната одбрана и се темели на принципите на демократија, лична слобода, човекови права и владеење на законот. НАТО смета на неизменет придонес на Турција, а Турција може да смета на солидарноста и поддршката на НАТО, изјави уште Лунџеску.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата