ВМРО-ДПМНЕ демантира дека тепачот е придружба на Груевски, не кажува дека е вработен во општина Гази Баба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати демант во кој тврди дека лицето кој го тепа активистотот на Левица кој помага во поплавените подрачја, не бил во придружба на Никола Груевски и не бил член на партијата. Во демантот не се наведува дека се работи за лицето Х.С. кој е комунален инспектор вработен во општината Гази Баба, која е под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Тепачката се случи и пред очите на министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Следува интегрално демантот на партијата.

Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата.

Се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето.

Снимката е доказ дека локалното население е револтирано и ги отфрла уфрлените провокатори од СДСМ и нивните привезоци, кои свесно и намерно имаат за цел, наместо да помагаат да предизвикуваат инциденти.

ВМРО-ДПМНЕ осудува и не поддржува никакво насилство, но и во исто време изразува згроженост од недоличните обиди на СДСМ да ја злоупотребува трагедијата на граѓаните погодени од невремето преку уфрлени провокатори за кои постојат информации дека добиваат наредби да доаѓаат и од други населени места и немаат никаква врска со населението погодено од невремето.

Го повикуваме СДСМ да престане со провокациите и местенките како дел од стратегија, за што доказ е и оркестираното ширење дезинформации на медиумите под контрола на СДСМ во насока на создавање на тензии нервоза и конфликти меѓу населението.

Деструктивното и нехумано однесување на СДСМ нема да не поколеба ниту да влијае да се октажеме од посветеното помагање во расчистување на последиците од невремето, постојаното присуство меѓу населението во миговите кога му е потребна помош.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Кочани: Насилник со нож ранил малолетник

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Четири жени со автомобил упаднале во простории на телевизија во Приштина, фрлени се и пиротехнички средства

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Погина позната инфлуенсерка: Ја уби сабјарка додека сурфаше

Предраг Петровиќ

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

Предраг Петровиќ