Околу сто луѓе загинаа во антивладините протести во Етиопија

Од:

Во судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите ширум Етиопија за време на антивладините протести за викендот загинаа речиси сто луѓе, соопшти Амнести интернешнал и лидерот на опозицијата.

АИ наведува дека загинале 97 лица – 67 во областа Оромија, а 30 во Амхара.

Најпогоден е главниот град на областа Амхара, Багир Дар, каде се убиени 27 луѓе, додека во Некемте, западна Етиопија загинаа 15 лица.

Владата на Етиопија за време на викендот го блокира интернетот, наведувајќи дека „антимировни елементи“ од странство и интернет активисти се виновни за насилството.
Демонстрациите се одржаа и покрај предупредувањето од Владата дека собирите без дозвола се забранети. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска

УНИЦЕФ го осуди етиопскиот воздушен напад врз градинка во бунтовничкиот Тиграј

Пилоти заспале на висина од 11.000 метри, контролата не можела да ги контактира

А1он