Генералниот директор на косовската полиција Шпенд Маџуни во извештај до Одборот за внатрешни работи на косовското Собрание изјави дека полицијата на различни места во земјата успеала да спречи „терористички инциденти“.
-Продолжуваме да преземаме конкретни мерки за да ги спречиме таквите инциденти, рече тој пред членовите на Одборот на чија седница за првпат по повеќе месеци учествуваа и претставници на Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, објави Косовапрес.
Според Маџуни, безбедностната ситуација на Косово е „мирна и стабилна“.
Тој изјави дека косовската полиција постигнала напредок во борбата против трговијата со луѓе и економскиот криминал во земјата.