Од причина што од природните непогоди кои ја зафатија нашата држава, на поплавените подрачја – жртви се не само луѓето, туку и животните,се обраќаме до јавноста и институциите, Дирекцијата за заштита и спасување како и до Агенција за храна и ветеринарство да и нив како живи битија не ги забораваат, туку да им се помогне!
Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во акција за спасување на настраданите животни сместувајќи ги на безбедно место, или да ги контактираат здруженијата давајќи точна информација за локацијата каде што животните се во опасност. (контакт 077 487 253, 077 487 255) Апелираме и да граѓаните кои ќе затекнат животно во опасност сторат се или некоја од овие постапки: најважно – ДА ГО ОСЛОБОДАТ (ОДВРЗАТ) животното, зошто доколку остане врзано, нема шанси да презивее; се обидат да го сместат на безбедно, му дадат по можност храна и вода и да се побара помош.
За да ја подигнеме јавната свест, или побараме помош и од инстутуциите, ги повикуваме граѓаните и да ни доставуваат фотографии и информација за точната локација, апелираат од Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“.