Поплавени улици, потопени автомобили, застој во сообраќајот и сообраќајни несреќи предизвика синоќешното невреме во Скопје.
Улиците беа непроодни, поплавени беа и голем број куќи во градот, а неколку населби останаа и без електрична енергија. Поради намалената видливост и лошото означување, дел од автомобилите завршија и надвор од патиштата, каде Градот става нов асфалт.
Невремето најмногу ги зафати Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, а според официјалните информации од МВР, засега има дваесет починати лица и се трага по уште шестмина.