(ВИДЕО) Манчевски: Бараме интервентната помош за поплавените граѓани да се зголеми на 90 илјади денари

Од:

Власта под контрола на Никола Груевски целосно потфрли во реакцијата за поплавите. За жал корупцијата и алчноста за пари однесоа човечки животи. Државните институции делуваа конфузно и без почитување на процедурите. Не се изврши евакуација на населението, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

„Погледнете ја оваа штета. Овие наши сограѓани целосно треба да ги реконструираат своите домови. За девет дена почнува училишната година. На овие семејства им требаат чиста вода, храна, нова облека, книги, училишен прибор… Замислете ова да ви се случеше на вас. Интервентниот надоместок на штета од 30 илјади денари кои власта под контрола на Груевски ја планира за настраданите не е доволна.

На овие луѓе, кои останаа без ништо итно им се потребни пари. Бараме интервентниот надоместок да се зголеми на 90 илјади денари за домаќинство.

За да се обезбедат овие пари бараме веднаш да запре изградбата на панорамското тркало кое чини 18 милиони евра, кулата на Водно која чини 12 милиони евра, барокните фасади во Скопје кои само оваа година чинат 5,7 милиони евра

Јавно го прашуваме Никола Груевски – што е поважно, панорамското тркало или животите на овие луѓе?

Одговорете! Ако не одговорите со зборови, ќе одговарате“, рече Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Потоп во Црна Гора: Вода до колена во Сутоморе

Заглавено семејство во поплавена куќа во село Сиричино

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи