Македонската телевизија ниту збор за невремето во кое има жртви. Уште од изутрина има разговори во студио за разубавување, за мода, се пуштаат песни, а цело Скопје е на нозе и се справува со последиците од невремето во кое има над 15 жртви и над 100 повредени.
Јавниот сервис кој има најмногу техника и новинари, наместо да се вклучи во живо и да информира, забавува.
По редица муабети и сплетови на народна музика уште од утрото, продолжи со “Време е за дете“.
Ова да беше прв пат за МТВ и немаше да биде чудно. По се изгледа ќе почне да информира откако некој од владините функционери ќе оди во посета на погодените места од невремето во Скопје.