Денеска сме во посета на Струга и на стружани. Целта е да се видиме со граѓаните, да разговараме за проблемите со коишто се соочуваат, секојдневијата наши, маките и мачниот живот којшто се живее. Но, секако покрај тоа што ќе поразговараме и да понудиме решенија за тоа што се случува во Македонија, рече Зоран Заев.
Струга е еден од регионите наши којшто е заборавен од оваа власт. Останаа основни работи на граѓаните, коишто се наше секојдневие, голем дел од нив врзани за нашите деца, не завршени заради тоа што парите отидоа во споменици и мал милион други глупости.
Денеска децата во Струга не знаат дали ќе почне школската година со струја во училиштата. Урнисани се условите комплетно во самите училишта, во болниците, во здравството, полициската станица мора да се реновира, градскиот базен е заборавен и го аби времето.
Има повеќе населени места без канализациони системи.
Овие се секојдневни актуелни проблеми коишто го создаваат аспектот на живот на граѓаните. Не можат да останат заборавени.
Новата власт предводена од СДСМ, од декември натаму, после изборите има намера конкретно да се втурне во решавање на вистинските проблеми на граѓаните.
Најзначаен дел од она на коешто ќе се посветиме се младите и квалитетно платените нови работни места.
Конечна цел е да создадеме услови кадешто младите ќе бидат мотивирани да останат овде. Целиот ангажман ќе биде насочен сите млади луѓе да бидат веднаш најбрзо обезбедени со работа и тоа квалитетна работа. Целта е да ги задржиме младите овде, ако даде Господ и да ги вратиме оној огромен процент на млади луѓе кои заминаа.
Во делот на Струга мораме целосно да ги реновираме училиштата. Финансиски преку блок дотациите да помогнеме на опшините да можат редовно да се плаќаат сметките за струја, за вода, за превозот, за греењето коешто и денеска е проглем во Струга.
Целосна реконструкција на болницата. Мораме да го реконструираме градскиот базен и тоа целосна реконструкција и модернизација на базенот. Зборуваме за Струга кадешто еден од важните спортови, пливањето, потекнува токму од овде и е еден од најзначајните региони токму по овој спорт.
Целосно ќе го заокружиме колекторскиот систем во Радожда и Вранешта. Ќе изградиме канализациони системи и водоводни системи со секое населено место кадешто денеска тие не постојат.
Дримколскиот крај е целосно запоставен. Направено е едно игралиште коешто и не се употребува.
Конечна цел е, еве и тоа што е направено од власта, во делот на спортските објекти го поздравуваме, какво-такво е направено, дадено е на концесии на секакви луѓе. Секако постојат и чесни исклучоци. Конечна цел е да инвестираме во спортот. Да инвестираме во младите да спортуваат и да ги наполниме тие сали и игралишта коишто постојат во Македонија.
Конкретно со финансиска поддршка и преку мотивација на бизнис секторот да направиме амбиент да секој млад човек спортува. Да создадеме услови кадешто обврска на секој родител ќе биде неговото дете да спортува одреден спорт. Да биде пуштен да тренира, не мора да стане професионален спортист, но барем да рекреира бидејќи тоа е многу важно и за здравјето и за целокупниот дух на живот на малдите генерации.
Спортот е важна гранка од нашето секојдневие и тој мора секако да биде поддржан покрај сите други важни аспекти коишто се секојдневие на граѓаните.
Струга е исто така симболот на мултиетничкиот соживот во Македонија. Тој мора да биде унапреден. Социјалдемократскиот сојуз ќе гради едно општетство на рамноправни граѓани кадешто ќе зборуваме за проблемите на граѓаните, а не за проблемите на Албанците, на Турците, на Македонците, на Ромите.
На граѓаните, подеднакво. Да се решаваат проблемите, да ги надминеме сите овие предрасуди коишто постојат и заедно да се бориме за поквалитетен економски живот на сите наши граѓани.
Јас сум убеден дека сите граѓани поминавме еден многу тежок период кадешто сиромаштијата беше се поизразена, кадешто е болката од оваа миграција, преку 600.000 пред се млади луѓе, којашто претставува потврда за сите лоши политики на оваа власт. Таа болка пополека ќе одминува од нашата Македонија. Затоа што редот е да живееме со децата околу нас, да се раѓаат внуци околу нас и да го создаваме амбиентот на живот околу нас колку што е можно поквалитетен.
Јас се надевам дека секој граѓанин ја чувствува својата обврска кон својата татковина.
Следува значајно време кадешто секој треба да се вложи максимално и да придонесе кон промените. Затоа што со тоа ќе придонесе кон убава, квалитетна и просперитетна иднина на сегашните и идните генерации, граѓани на нашата Македонија.