18.000 гласачи сепак се „фантомски“

Од:

Од околу 40 илјади спорни гласачи досега се пријавиле 1.560 граѓани. Околу 18 илјади спорни гласачи освен во базата на МВР ги нема во ниту една друга, за нив нема никакви податоци од 2009-та до 2015-та, 21 илјада пак имаат несповпаѓање во адресните податоци, а меѓу нив се голем број јавни личности, објасни денеска на брифинг со новинарите, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Тој информираше дека со надградување на веб апликацијата која е достапна на нивната интернет страница граѓаните ќе можат да видат како и зошто се нашле на списокот со спорни записи.

Најголем проблем вели, имаат со граѓаните кои од неажурност не ја менуваат и адресата на живеење, тагаш се јавува поклопување и на таа адреса се јавуваат повеќе гласачи, како и со иселениците.

Истовремено, Чичаковски информираше дека веќе ги добиле фотографиите од МВР од личните карти и пасошите на гласачите и тие ќе бидат вметнати во списокот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија