ФРОДЕМ: До коска партизирана и девалвирана ДИК

Од:

ФРОДЕМ излезе со соопштение во врска со работата на ДИК. Еве што велат:

ФРОДЕМ и нејзините приврзаници неможат да се изначудат на молкот во јавноста за партизираната и девалвираната Државна изборна комисија – ДИК. Сите ние досгеа го видовме нејзиното вистинско грдо лице како и нејзината позадина. Сите нејзини членови се под целосна контрола на партиите кои ги предложиле или поддржале.
Бараме од политичките партии и нивните лидери и преговарачи кои учествуваа во преговорите за излез од кризата наместо да глумат лудило и да се препукуваат и надмудруваат преку прес конференции под итно да и одговорат на македонската јавност на следниве прашања:

1. Зоштоа прочистувањето на списокот наместо рутинска и техничка операција стана политичка операција?
2. Дали партиските војници членовите на ДИК,по претходно добиени упатства и наредби од нивните партии поддржувачи, се факторот кој треба да ни каже кој има право да го оствари своето демократско право на глас, а кој не треба да се најде на списокот?.
3. Како е можно после вкрстеното споредување на списоците од постојните бази на податоци, бришењето на починатите како и бришење на дел од гласачите од Пустец, бројот на избирачи во избирачкиот список драстично да се зголеми? Дали ова беше операција за прочистување или на дозамрсување на избирачкиот список. Кој ќе сноси одговорност?
4. Како е можно кога ДИК гарантираше дека избирачкиот список е прочистен и со него требаше да се излезе на претходно закажаните избории во овие 39.502 спорни гласачи повторно да се најдат истите луѓе фантоми кои еднаш беа избришани?.

Значи досега членовите на ДИК не работеле туку само политички се надмудрувале во зависност од добиените упатства и наредби. За својата досегашната неработа освен редовната плата членовите на ДИК дополнително си поделија и дебели хонорари. Благодарение и со помош и поддршка на четирите политички лидери овие персони ги полнеа своите џебови од устата на чесниот и се посиромашен македонски граѓанин.

Со право конечно граѓаните на Република Македонија имаат право јасно и гласно да кажат: ,,Кој не е за нас, тој е против нас”.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино