Полицијата ги уби вооружените напаѓачи кои држеа заложници во една црква во Нормандија, на северот на Франција.
Напаѓачите го заклаа свештеникот кој беше помеѓу заложниците. Според некои информации убиен е уште еден заложник, но полицијата го потврди само убиството на свештеникот во црквата Сент Етјен ди Рувре, недалеку од Руан.
Полицијата соопшти дека ги ликвидирала напаѓачите, а дека свештеникот е заклан.
Од црквата се слушнаа пукотници, а силни полициски сили се упатија во и околку црквата. РТЛ Франс јавува дека има повеќе ранети лица. Претходно беше јавено дека во црквата има од четири до шест лица.