ТодорОФ, од илузионист до егзибиционист

Од:

Од фекалии прави планински извор.. од куварка, педијатар.. чудесна е нашата Македонија..

Менувам канали на ТВ, на еден канал добар филм кој носи наслов “Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, кој е во чест на еден од најдобрите голмани. Веднаш по него, на друг канал, се загледав во изјава на министерот за здравство Тодороф, и мајко мила се запрепастив. Човекот преку ноќ смени милион правила отиде ги ишамара одговорните по институциите и болниците и брзо промени се преку ноќ. Па си помислив во контекст на насловот на филмот “Кога ќе пораснам сакам да сум Тодороф“ , човекот има моќ како Коперфилд. Е, па баш заради тоа сакам да го прашам неколку работи и тоа битни, а кои досега никаде не се кажани.

Ќе почнам како опис на случаи како што ние лекарите го правиме тоа. Брза помош, министре! Како возилото на брза помош, повикано во 12.02 часот од кардиологија до “Филип Втори“, заврши на мостот на Вардар? И Брза помош и кардиологија и “Филип Втори“ се од иста страна на реката, така што нема потреба да се поминува мост. Дали доктороката, главна сестра и шефот на возен парк можат да објаснат како и зошто завршија на барикадите на Шарената револиција, кога според заведената документацијата , тие немаа воопшто пациент во возилото? Кој докторке ве изманипулира да ја прекршите вашата света заклетва заради политички цели? Кој ќе сноси одговорност за злоупотреба на ова возило, кое на некого во истиот момент му било прашање на живот или смрт? Докторке, сестро и возачу или сте виновни вие или вие го знаете името на виновникот. Одберете сами, одговорност мора да има!

Гевгелија, министре! Дали сте свесни што им направивте на повеќе од 40.000 луѓе во овој регион? Кажете јасно и гласно, дали знаете дека на педијатрија во Гевгелија нема педијатар, туку има една медицинска сестра, а од 14 часот, па се 7 часот наутро, за дечињата се грижат една куварка, една разнесувачка на храна и една садомијачка, кои во моментов извршуваат функција болничарки/негователки. Нема гинекологија, нема хирургија, нема болница, туку само селска амбуланта. За секоја посериозна интервенција треба да го преживеете Валандовско брдо, за, ако имате среќа, стигнете до Струмица. За кое јадно здравство, ти јаден министре зборуваш? Дали имаш лице да се појавиш пред 40.000 жители на овој регион, кои се препуштени на твоја милост и немилост и да им зборуваш за европскиот здравствен систем кој ти го спроведуваш?

Дојран министре! Цитат на министерот: „И овие показатели лабораториски што се направени и што се ставени во погрешен контекс, односно направени се мерења кои што се споредени со параметри кои што веќе не се употребуваат во ЕУ“. Па може ли некој да го каже ова и да остане на било која функција, а не дај Боже да остане министер?
Овој човек прави дискредитација на сите компетентни државни институции, а во исто време се потпира на наводните докази на странска држава, притоа признавајќи дека нашите стандарди се далеку од Европските, со што потврдува дека целиот негов реформски процес е тотално промашен. Ако се лажни податоците за Дојран, колку уште лажни податоци имаат дадено нашите институции?

Во поткрепа на кажаното, дали министерот е спремен да летува со своето семејство на наведените, односно забранетите дојрански плажи во одбрана на неговото тврдење. Кој свесен „стручен“ човек ќе се базира врз основа на тоа, дека во моментов во околните болници нема ниту болни, ниту мртви туристи, со што отворено ги повикува граѓаните слободно да се капат во „чистите води“ на Дојранското Езеро. Одговорете барем еднаш и не бегајте зад сето оноа што го викате врвно достигнување и ова сето погоре пишано е врвно достигнување ама во негатива. Моите колеги сеуште се борат со сите неприлики но се сеуште и во страв и грч да не бидат ишамарани од шарлатанов што сее страв ама ете информациите пристигнуваат од цела наша Македонија која крвари од шамарите на Министерот моторџија. Е, затоа нашиот министер сега со новиот мотор кој го вози низ скопските улици оди и прави крш во сите институции, издава наредби и преку ноќ ги менува и правилата, бројките , стандардите за се што е медицинско во државата, а тоа само колку за информација министре е законски казниво, бидејќи сите искази ви се лага и само лага.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска