СДСМ: Предоцна е за Трајановски, веднаш да си поднесе оставка

Од:

На Скопје итно му треба проширување на булeварот Никола Карев (ул. Пластичарска), проширување на улицата Цветан Димов, продолжување на булеварот Илинден, изградба на подземна сообраќајница од Владата до зградата на НБРМ, пешачки мост помеѓу Кисела Вода и Аеродром и многу други капитални сообраќајни проекти, велат од СДСМ.

„Тоа се проектите на коишто требаше да се посвети Коце Трајановски. Тоа се проектите коишто до сега ќе беа реализирани доколку Никола Груевски и Коце Трајановски не потрошеа над 630 милиони евра на раскош и луксуз за Скопје 2014.

Сега е предоцна за Коце Трајановски.

Тој ниту може, ниту има желба да ги брани интересите на скопјани од “лудилото“ на Скопје 2014. За во Скопје да има шанса се реализираат најважните сообраќајни проекти, од клучно значење е Коце Трајановски веднаш да поднесе оставка“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Федерика Могерини поднесе оставка

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот