ДИК денеска ќе одлучи кога ќе објави список со спорните 39.502 гласачи

Од:

Членовите на Државната изборна комисија на работен состанок ќе одлучат, кога ќе биде објавен списокот со 39.502 гласачи кои ќе треба сами да се пријават ако сакаат да го задржат гласачкото право.

Оние гласачи кои ќе се најдат на списокот на спорните 39.502 гласачи, ќе имаат 25 дена да се пријават во ДИК, лично или електронски.

Како што беше договорено меѓу партиите,за пријавувањето ДИК ќе испрати јавен повик во земјава и во дипломатско конзуларните претставништва, а ќе има и медиумска кампања.
Овие 39.502 гласачи при теренските проверки не беа најдени дома, а за нив немаше ни повеќе записи во институциите.

Според договорот, три или повеќе членови на ДИК може да побараат дополнителна проверка за секое име, да побараат од граѓанинот да дојде лично доколку е во земјата или да се јави преку видеоконференција, доколку е во странство.

Во посебен извод на Избирачкиот список треба да бидат ставени 171.500 лица за кои се се смета дека се на работа или на привремен престој во странство.

Би можело да ве интересира

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште