Рекорден број земји, 110 ја поддржаа декларацијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се бара од сите земји-членки да ја укинат смртната казна во рок од две години. Декларацијата нема обврзувачки карактер.
„Против“ декларацијата гласаа 39 држави, меѓу кои САД, Јапонија, Кина, Иран, Индија, Северна Кореја и Сирија.
Претставниците на други 35 држави, кои присустуваат на пленарната седница беа воздржани.