Соголување на грдата македонска политичка реалност

Од:

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода е специјално тријазично издание на македонски, албански и англиски јазик за едногодишната напорна работа на проектниот тим, известувачите и набљудувачите од теренот на ЦИВИЛ, како и на врвни експерти од Македонија, Хрватска и САД, сублимирани во 180 страници извештаи и анализи, за стотиците активности кои беа составен дел на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ (Free Elections for Free Citizens”), спроведен во периодот јуни 2015 – јуни 2016.

Иако слободните избори се дел од секојдневието на граѓан(к)ите во цивилизираните држави, грдата слика на македонската политичка сцена и десетгодишното безаконие кое прерасна во тотален колапс на правната држава и на хоророт од киднапираните институции на централно и на локално ниво (како од ВМРО-ДПМНЕ, така, со поделбата на колачот, и од нивниот тендер-партнер и послушник – ДУИ) и се заканува да ја турне Македонија во безумие кое ќе го загрози и нејзиниот опстанок како држава, неминовно бараше од цивилниот сектор, дијагностицирање на состојбите и обид да се пронајдат, посочат на јавноста и правилно употребат „лутите иљачи за лутите рани“. Македонија е инфицирана држава на која и е неопходно долготрајно про-демократско лекување и мачна , но неминовна детоксикација на цела деценија труената јавност од диригираните медиуми и предавниците на новинарската професија, така што, ЦИВИЛ се зафати со неблагодарната задача, да даде свој придонес во ослободувањето на македонското клиентелистичко и масимално партизирано општество и на вџашените од страв, граѓанки и граѓани, преку мултидисциплинарен пристап во создавањето клима за овозможување на слободни, фер и демократски избори во кои ќе се почитува волјата на граѓаните.

Во текот на проектот, во ЦИВИЛ пристигнаа над сто извештаи од долгорочните набљудувачи, над 300 пријави и пораки од граѓан(к)и, преку електронска пошта, социјалните мрежи или преку он-лајн формуларот за пријави на кршење на гласачкото право или на други злоупотреби, а над 600 граѓани во директна комуникација со тимот на ЦИВИЛ, посочија пример на директен притисок и дискриминација врз основ на политикка афилијација! Проектот и публикацијата, преставуваат разобличување на лагите и соголување „до коска“ на во барок маскираната недемократска власт, која бескрупулозно ги користи сите средства да ја злоупотребува власта и моќта стекнати на наместени избори, безмилосно да ги арчи парите на граѓаните, загрозувајќи ја иднината на следните поколенија, и сурово да се пресметува со сите инакумислечки, создавајќи непријатели, предавници и шпиони во сите сфери на општеството, за да се дефокусира јавноста од стромглавувањето на Македонија на политички, меѓуетнички и економски план.
Анализите и извештаите на стручњаците од експертскиот тим на ЦИВИЛ од Македонија – д-р Сашо Орданоски, Сандра Гавриловска, Џабир Дерала, Горан Наумовски, Петрит Сарачини, од Хрватска – Александра Јозиќ–Илековиќ и Драган Зелиќ (ГОНГ), и специјалната советничка од САД Хедер Роберсон Гастон се засновани на стотиците страници материјали изработени од проектниот тим, соработниците, набљудувачките тимови, во кои секојдневно, посветено и самопрегорно, активно работеа педесеттина членови, како и на текстовите, фотографиите и на преку 150-те продуцирани видео-материјали (интервјуа, изјави на релеванти соговорници, анкети со граѓани, репортажи, прилози,,,) на ЦИВИЛ Медиа од лице место, на терн, ширум Македонија.

Како посебен прилог на тријазичната публикација е подготвено и ДВД на кое се покестениелод содржините кои го обележаа проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кои предзвикаа заначителен интерес на македонската и на пошироката јавност, на странските дипломати и на домашните и странски организации за заштита на човекови права ислободи.

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ е тажна приказна за дереџето до кое кутрата Македонија ја дотурка актуелниот режим на Никола Груевски и Фамилијата. Но, не убивајте го гласникот! ЦИВИЛ – Центар за слобода само ја прикажа во вистинска светлина македонската реалност, соголувајќи ги напластените лаги, низ бројни примери, чии директни извори се онеправданите граѓан(к)и. Публикацијата е неизбежна лектира за сите оние кои се уште веруваат дека Македонија може да се врати на вистинскиот пат и дека следните генерации кои ќе (пре)останат да живеат во неа, ќе ја вратат гордоста и нема да се срамат од она што (им) се случува ишто ги опкружува.

Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска